More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 02.05. 2023

    spot_img

    На 01.05.2023 околу 21.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 24-годишниот Г.А. од Република Албанија. При претрес во домот, во кој времено престојувал, во Гостивар, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 01.05.2023, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Д.З.(26) од Скопје. Тој се сомничи дека на 30.04.2023 во с.Сопиште одзел мобилен телефон од малолетник од Скопје. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 01.05.2023 во 13.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.С.(22) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 01.05.2023 во 16.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода К.Б.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 01.05.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.З.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 01.05.2023 во 11.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ф.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 01.05.2023 во 19.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(23) од Кавадарци затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 02.05.2023 околу 01.00 часот на патот Гостивар-Тетово, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.Ќ.(32) од с.Неготино, полошко и Р.А.(44) од скопско Арачиново затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

    На 02.05.2023 околу 01.50 часот на улица „Јордан Златановски“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот А.А. од тетовско Јеловјане затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Од него, исто така, било одземено и патничко моторно возило „ауди“ без регистарски таблички. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

    На 01.05.2023 во 18.30 часот на регионалниот пат Штип-Плачковица, полициски службеници од СВР Штип ги привеле С.Т.(32) од Скопје и М.Т.(32) од с.Горно Којнаре, кумановско. При контрола на патничко моторно возило, со кое се превезувале, кај С.Т. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 02.05.2023 во 00.30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, од слобода бил лишен Х.К.(51) од Република Турција. При пасошка проверка и контрола, на увид приложил фалсификуван зелен картон за возилото кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, пет  санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.  Изречени се 10 мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возач почетник…

    На 01.05.2023 во 18.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Велес,  М.Д.(33) од Велес, управувајќи електричен тротинет паднал на тротоарот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

    На 01.05.2023 во 22.25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Горна Бањица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.М.(20) од с.Горна Бањица, гостиварско и патничко возило „шкода фабиа“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(21) од с.Долна Бањица, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

    На 01.05.2023 во 16.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат с.Маврово-Ниќифорово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од З.А.(43) од Тетово и патничко возило „фолксваген венто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(55) од с.Голема Речица, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а четворица сопатници од патничкото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

    На 01.05.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.О.(66) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ била касната од куче скитник.

    На 01.05.2023 во 13.15 часот во Полициската станица Карпош, Д.Г.(76) од Скопје пријавила дека на бул.„Партизански одреди“ била касната од куче скитник.

    На 01.05.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.С.(25) од Ресен пријавила дека на ул.„Трифун Хаџијанев“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img