More

    Баварците сега сакаат да го задржат тренерот

    spot_img

    За прв пат, откако беше објавено дека Томас Тухел ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната, раководството на германскиот гигант сериозно ја разгледува опцијата да го остави стручњакот да работи во клубот.

    Според новинарот Флоријан Платенберг, спортските шефови на Баварците, Макс Еберле и Кристоф Фројнд, го поддржуваат Тухел и не гледаат проблем во тој да продолжи да ја води екипата.

    Полна доверба во актуелниот тренер имаат и дел од играчите предводени од Мануел Нојер.

    До денес, ситуацијата околу тренерската позиција во Баерн е крајно комплицирана. Ралф Рангник, со кого се водеа официјални разговори, избра да остане на чело на австриската репрезентација, додека Јулијан Нагелсман претходно ја отфрли можноста да се врати на „Алијанц Арената“.

    На прес-конференција претходно денеска, Тухел прокоментира дека договорот меѓу него и клубот за раскин на неговиот договор останува на сила. Сепак, се чини дека постои реална можност тој да остане тренер на Баерн.

    Во меѓувреме, Платенберг откри дека минхенската страна остварила контакт со Хулен Лопетеги, кој до неодамна беше фаворит да стане нов тренер на Милан. Шпанецот во никој случај не е прв избор на Баерн, но раководството на клубот упатил прашање дали тој е заинтересиран за работата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img