More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 30.05.2023

    spot_img

    На 29.05.2023 во 20.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(40) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.А., командир на Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај Виница при ОВР Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 31.08.2022, во својство на службено лице, ги пречекорил границите на своите овластувања и не дозволил да биде изготвен прекршочен платен налог на возач на автобус на правно лице од Кочани за сторен сообраќаен прекршок по член 42, став 1 и 3 од Законот за возила, констатиран во станица за технички преглед, а во износ од 400 евра во денарска противвредност, со кој износ, бидејќи не е наплатен, го оштетил буџетот на РСМ. Пријавениот дополнително не дозволил да се преземат мерки за сторениот сообраќаен прекршок против одговорното лице во правното лице. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.А. ќе биде покренат предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и негово отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. 

    На 29.05.2023 во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.С.(67) од Куманово. Таа била барана по централна потерница врз основа на  судска наредба за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 244 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на мерката.  

    На 29.05.2023 околу 23.20 часот на локален пат во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода О.М.(23) и Ј.Х.(23), двајцата од Гостивар. При нивен и преглед на патничко моторно возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, а што го управувал Ј.Х., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

    На 29.05.2023 во 22.45 часот на улица „Пирин планина“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.О.(33) од Охрид, затоа што при преглед во возилото „фолксваген голф“, кое го управувал, биле пронајдени и одземени куршуми и футрола за пиштол, а подоцна при извршен преглед, во близина на неговиот дом во Охрид, бил пронајден и одземен пиштол. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

    На 29.05.2023 во 06.25 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(33) од Турција, затоа што при извршена контрола било констатирано дека полисата за осигурување за товарното моторно возило „мерцедес“ со полуприколка, со турски национални ознаки, кое го управувал, била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка. Подоцна, од Регионалниот центар за гранични работи Исток против него била поднесена кривична пријава.   

    На 29.05.2023 во 21.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при извршена гранична проверка, било констатирано дека О.О.(58) од Косово е во службената оперативна евиденција со мерка „апси“ по телеграма од СВР Скопје. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.   

    Во текот на вчерашниот ден (29.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 168 возачи. Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две со дури над 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место. 

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 47 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет за непрописно престројување, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло… 

    На 29.05.2023 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за непрописно престигнување на возилата, во која вкупно се откриени и санкционирани 32 прекршоци (ТЕ-15 и ГВ-17). На прекршителите им биле изготвени предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршоци се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност. Оние, пак, кои престигнувале на „полна линија“, на непрегледни кривини или во долга колона од возила ќе се соочат и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се 7 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-1). 

    На 29.05.2023 во 12.50 часот во СВР Штип  било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(62) од Велес и товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Г.Л.(41) од с.Будинарци, беровско. На местото на несреќата починал возачот З.Ѓ., додека Г.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Д.Ц.(24) од Берово се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.   

    На 29.05.2023 во 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лазар Трповски“ со ул.„Методија Митевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Б.М.(39) од Скопје и мотоцикл „априлиа“, управуван од Р.Ј.(28) од с.Арачиново, скопско, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. За време на увидот присуствувал и заменик заповедник од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради тоа што Р.Ј. бил лице на издржување казна затвор. 

    На 29.05.2023 во 22.56 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.А.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник. 

    На 29.05.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Маркова Сушица, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Д.Д.(23) од Скопје и автобус „ман“, управуван од Е.Д.(25) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.К.(21) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

    На 29.05.2023 во 01.30 часот во Полициската станица Драчево, В.Д.(57) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ била касната од куче скитник. 

    На 29.05.2023 во 16.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Крушево“ во Битола, А.М.(71) од Битола, управувајќи мопед „априлиа“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.М., констатирани во Клиничка болница Битола.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола. 

    На 29.05.2023 во 16.15 часот во Полициската станица Драчево, В.Ѓ.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Антон Димитров“ бил каснат од куче скитник.  

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img