More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 27.02.2023

    spot_img

    На 26.02.2023 во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, ја привеле 28-годишната Л.Х. од Скопје за издржување на затворска казна. Денеска (27.02.2023), таа ќе биде спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

    На 26.02.2023 во 22.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 26.02.2023 во 10.20 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници  го лишиле од слобода А.С.(50) од Република Турција, затоа што на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарно возило „рено“ со полуприколка, со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

    На 26.02.2023 во 03.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.С.(20), С.С.(20), Н.К.(21) и М.К.(19), сите од Куманово. Тие се сомничат дека околу 01.30 часот на улица „Моша Пијаде“ физички ја нападнале С.Т.(72) од Куманово и ѝ ја одзеле чантата. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

    Во текот на вчерашниот ден (26.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 824 возачи. Од нив 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 438 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 386 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 344 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 155 санкции, 36 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас…

    Во текот на вчерашниот ден (26.02.2023), во периодот од 15.00 до 22.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Ѓорче Петров и Сарај во Скопје. При контролата санкционирани се 194 возачи, од кои 117 за возење повеќе од дозволената брзина, 14 за возење без возачка дозвола, две мерки за нерегистрирани возила…

    На 26.02.2023 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена контрола на брзината со која се движат возилата, при што биле откриени и санкционирани вкупно 89 возачи (ТЕ-46 и ГВ-43), кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Шест од нив  пречекориле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-2 и ГВ-4), 26 за 50 до 70 километри на час (ТЕ-11 и ГВ-15) и така натаму. Покрај ова, со поднесоци и други мерки заокружени се и 19 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ) во населено место, како и 9 други видови прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-3). Викендот што измина (25/26 февруари), исто така, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена и акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, во која биле санкционирани вкупно 20 возачи (ТЕ-10 и ГВ-10). Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се законски предвидените поднесоци, така што ќе се соочат со парични глоби и времена забрана за управување од три месеци до една година.

    На 26.02.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 39 прекршоци, од кои 22 надвор од населено место и 17 во населено место. На 25/26.02.2023 од 22.00 до 04.00 часот на територијата на Штип била спроведена зајакната акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што санкционирани биле 15 возачи. Санкционирани биле и 22 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 5 за возач почетник, 3 за непрописно престигнување и 2 за некористење сигурносен појас.

    На 26.02.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Л.(74) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ била касната од куче скитник.

    На 26.02.2023 во ОВР Кичево, С.К.(30) од кичевското село Србица пријавил дека на улица „Мирка Настеска“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, Г.А.(40) од Кичево пријавил дека на улица „Над Пашино“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img