More

    Обвинувања дека амбасадорот во Вашингтон се луксузира

    spot_img

    Амбасадорот во Вашингтон Зоран Попов изнајмил резиденција во ексклузивен дел на Вашингтон за кирија од повеќе од 6.000 долари месечно, иако во амбасадата има резиденција во која што до сега живееја сите претходни амбасадори – обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

    „Попов не сакал да живее во резиденцијата, затоа што не му се допаѓало, па си избрал луксузно сместување. На оваа сума има плус режиски трошоци од 1.000 долари, кои, доколку живее во резиденцијата во наша сопственост нема да ги има или ќе бидат минимални. Платата му е 5.000 долари, а си земал стан од преку 6.000 долари. Со што ги заслужи овие луксузирања Зоран Попов? Што сработи во изминатиот период? МНР треба да ја испита ваквата раскалашеност и да побара одговорност од Попов, бидејќи во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај недозволиво е некој непотребно да троши народни пари во Вашингтон“ – се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

    Македонската амбасада во Вашингтон има и резиденција за амбасадорот
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img