More

    Мртви Украинци и Руси лежат едни покрај други

    spot_img

    Снимена грозоморна сцена по борбата тело в гради на фронтот кај Авдијивка!

    На вознемирувачкото видео кое трае дури седум минути, позицијата на вооружените сили на Украина може да се види покриена со десетици тела на војници од двете страни. Невозможно е да се избројат мртвите, секоја копана дупка e исполнета со тела, а многумина дури и штрчат од земјата.

    Многу војници беа буквално распарчени од експлозиите, а со оглед на паднатите дрвја, речиси е сигурно дека шумичката била силно бомбардирана пред рускиот напад.

    Запалени воени возила може да се забележат и во околните ниви.

    Засега не се знае точно каде е снимено видеото бидејќи на тој дел од фронтот претходните денови се водеа жестоки битки за многу населени места.

    Поради напредувањето на руските сили, Украина во средата нареди итна евакуација на преостанатите жители на Новоалександривка, додека телеграмскиот канал „DeepState“ објави дека Русите ги окупирале селата Керамик и Новокалиново еден ден претходно.

    Припадниците на руските сили, да потсетиме, наишле на страшна сцена и по повлекувањето на украинската војска од западниот дел на Бердичи. На ужасното видео, десетици тела на украински војници можат да се видат меѓу куп ѓубре во областа околу ровите. Некои тела се во напредна фаза на распаѓање, додека други се изобличени од експлозии.

    Сцената била толку ужасна што дури ни војниците кои снимале не можеле да поверуваат во тоа што го гледаат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img