More

    Момчето кое исчезна во Шпанија пред шест години раскажа интригантна приказна кога беше пронајдено

    spot_img

    Момчето од Велика Британија кои има 17 години и кое исчезна во Шпанија пред цели шест години беше случајно најдено од возач кој патувал низ француските Пиринеи во средата. Момчето по име Алекс Бати изјавило дека било киднапирано од своите родители и дека бегало од нив, пишува Гардијан.

    Тоа било најдено како прегладнето оди на улица среде ноќ на силен дожд. На грбот носело ранец и скејтборд. Му рекло на возачот дека сака да се врати во Англија.

    Aлекс смета дека мајка му е малку луда и дека таа и дедо го киднапирале и го однеле во духовна комуна. Тие во 2017 година заминале на одмор во Шпанија од Велика Британија. Тогаш Алекс имал 11 години, мајка му Мелани 37, а дедото Дејвид 58. Никој од нив не се вратил од одморот.
    Законскиот старател на момчето, неговата баба Сузан Каруна, вели дека нејзината ќерка и поранешниот сопруг сакале да живеат „алтернативен начин на живот“ и го зеле момчето со себе. Но, Алекс избегал од комуната во подножјето на француските Пиринеи викендот и поминал четири дена шетајќи низ планините обидувајќи се да стигне до својата баба во Англија.

    Сега бабата е изненадена што нејзиниот сакан внук бил пронајден жив и здрав. Француските обвинители потврдија дека Алекс ќе се врати бо Англија. Според возачот, Алекс не покажувал емоции кон мајката, но многу сакал да ја најде баба си.

    Возачот откри дека Алекс му рекол дека сепак мајка му никогаш не го заробила и дека му рекла дека може да си оди кога сака. Тој требало да живее во шатори во дивината со мајката и со дедото источно од областа Перпињан во јужна Франција. Тие не се согласувале Алекс да оди во училиште и да има обичен живот.

    Откако избегал тој три години живеел во Шпанија во луксузна куќа со десет луѓе, а во Франција пристигнал во 2021 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img