More

    Молкот покрена разни теории за отсуството на принцезата од Велс

    spot_img

    Нервен слом, кома или развод? На интернет кружат страшни теории на заговор за отсуството на Кејт Мидлтон, а од принцезата засега нема ни трага ни глас.

    Кејт Мидлтон со денови е тема број еден на интернет. Јавноста од јануари се обидува да дознае – каде е Кејт? Потегот на Кенсингтонската палата да објави фотографија од Кејт Мидлтон и нејзините деца за да ги смири шпекулациите заврши со дебакл, бидејќи неколку новински агенции ја отстранија фотографијата од нивните профили набргу по објавувањето поради манипулација со монтажа, па почнаа да кружат гласини за тоа каде се наоѓа принцезата и што е со неа.

     

    Темата излезе од контрола и во јавноста почнаа да излегуваат со разни теории на заговор за тоа каде и зошто исчезнала принцезата, од тоа дека е тешко болна и можеби во кома, па до претпоставките дека ја преживува истата траума како принцезата Дајана поради неверството на сопругот.

    Љубовницата на Вилијам

    Поради шпекулациите за тоа каде се наоѓа принцезата, британскиот Индипендент почна да пишува за маркизата од Чолмондели, Сара Роуз. Веста предизвика хаос на интернет и одново се појавија старите шпекулации дека маркизата е љубовница на принцот Вилијам и дека се работи за развод, поради што Кејт се повлече од јавноста.

    Според некои теории, токму Сара Роуз неодамна била фотографирана со Вилијам во автомобилот, а не Кејт.

     

    Поранешната манекенка (39) работеше за конзервативниот пратеник Мајкл Гоув, но сега го води имотот на нејзиниот сопруг, Дејвид Роксавиџ, седми маркиз од Чолмондели.

    Двојката има три деца – близнаците Александар и Оливер, кои имаат 15 години, и осумгодишната ќерка Ајрис. Семејството живее во Хоутон Хол во Норфолк.

    Во последниве години, таа беше во центарот на вниманието поради нејзините гламурозни тоалети на кралските настани, вклучувајќи го и банкетот во Бакингемската палата во 2017 година, каде што седеше до принцот Хари.

    Естетска хирургија

    Една од шпекулациите кои исто така кружат на социјалните мрежи и ја објавуваат таблоидите е дека Кејт не се појавува во јавноста, бидејќи направила естетска операција.

    Имено, како што пишуваат медиумите, луѓето секогаш се прашувале дали таа направила операции за затегнување за да ја одржи фигурата, со оглед на тоа што родила три деца.

    Кејт никогаш не потврдила дека „влегла под нож“, додека експертите сметаат дека принцезата сигурно имала затегнување на стомакот.

    Хирургот Рајан Нејнштајн вели дека фокусот на зафатот е на проблемите кои се јавуваат по породувањето, како што се опуштените мускули и гради.

    Ментални проблеми

    Аналитичарката Анџела Левин изјави дека е можно Кејт да минува низ нешто слично на она низ што поминала принцезата Дијана и дека се соочува со психички проблеми. Тоа одново се поврзува со потенцијалното неверство на принцот Вилијам, а се споме нува и можен развод на новиот престолонаследник на бритнаскиот двор. Нешто низ што своевремено минуваа и неговите родители кога беше обелоденета врската на тогаш принцот Чарлс со Камила Паркер Булс која подоцна му стана сопруга, а денес е кралица на британскиот трон.

    Кејт Мидлтон последен пат се појави во јавноста во декември минатата година за време на божикните празници.

     

    Потоа беше соопштено дека на 16 јануари годинава принцезата од Велс имала абдоминална хируршка интервенција на приватна клиника во Лондон и дека се повлекува од јавните должности на неколку месеци додека да се рехабилитира. Но, задржувањето на деталите за нејзината здравствена состојба само ги зголемува шпекулациите за нејзината мистериозна болест.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img