More

    Полска ќе ја зајакнува источната граница со ровови и со европски пари

    spot_img

    Три лица загинаа, а осум се ранети денеска во украински напад врз градот Доњецк, кој е под руска контрола, на истокот на земјата, пренесе Бета.

    – Директно погоден е ресторанот „Рај“ – изјави преку Телеграм, Денис Пушилин, шеф на руските окупациски власти во тој регион.

    Според Пушилин, ракета од американски ракетен фрлач Химарс директно го погодила ресторанот и оштетила други згради, а друга ракета погодила недовршена зграда во близина.

    Доњецк, кој е под контрола на Москва, е многу блиску до линијата на фронтот и редовно е мета на украинските напади.

    Руската армија денеска соопшти дека зазела пет села во Харковската област, исто така во источна Украина каде што спроведува копнена офанзива, и уште едно село во Доњецката област.

    Најмалку три лица загинаа, а седуммина се повредени во украинскиот напад на складиште за нафта во градот Ровенка во областа Луганск, изјави министерката за здравство на тој регион Наталија Пашченко.

    – Од гранатирањето, пожар го зафати скалдиштето за нафта, а оштетени се и куќи во околината, соопштија локалните власти.

    На терен биле испратени пожарникари кои се обидувале да спречат пожарот да се прошири на станбените згради.

    Уште ссум лица се повредени во украински напад на Белгород. Руските сили за воздушна одбрана собориле неколку цели на приодот кон Белгород, а според првичните информации, осум цивили се повредени, изјави началникот на областа Вјачеслав Гладков.

    Во меѓувреме продолжуваат интензивните борби по линијата на фронот, особено во Харковскиот регион. Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили се обидуваат да извршат офанзивни акции и да напредуваат подлабоко на територијата на Украина, кај Харков.

    – Во тек се борби и за населени места во граничната зона, кои всушност беа во сивата зона – Стрелечја, Пиљноје и Борисовка, како и во областите Олејниково и Огирчево, се вели во соопштението.

    Се додава дека украинските одбранбени сили дејствуваат на подготвени одбранбени линии.

    Поради руските напади, евакуирани се жителите на украинскиот пограничен град Вовчанск во блиина на Харков.

    Главниот офицер на украинските трупи во Вовчанск, Олексеј Харковски, соопшти дека руските сили за 24 часа истрелале неколку стотици артилериски гранати и десетици касетни бомби. Харковски истакна дека руските војници сѐ уште не влегле во Вовчанск.

    Руското министерството преку Телеграм објави дека се „ослободени“ украинските села Борисовка, Огрицеве, Плетенивка, Пилна и Стрилеча во областа Харков во близина на границата со Русија, како и селото Керамик во регионот Доњецк.

    Руските сили, кои беа истиснати од таа зона во североисточна Украина пред речиси две години, постигнаа низа мали напредоци во последните недели.

    Од украинска страна, гувернерот на Харковскиот регион, Олег Синегубов, денеска соопшти дека се евакуирани вкупно 1.775 луѓе и оти Русија во претходните 24 часа извршила артилериски напад врз 30 локации.

    Регионот на Харков, вториот по големина град во Украина, е главно под контрола на украинските сили од септември 2022 година.

    Премиерот на Полска Доналд Туск денеска на границата со Белорусија изјави дека започнало зајакнувањето и утврдувањето на полската граница, за што неговата земја нема да штеди пари, но оти за безбедноста на источната граница на ЕУ, средства ќе мора да издвои и самата Унија.

    – Нема сомнеж за сѐ поагресивните намери на Белорусија кон Полска. Преземаме чекори за зајакнување на границата поради зголемениот притисок на режимот на Александар Лукашенко и зголемените закани од војната поради руската агресија во Украина. Почнавме интензивни работи за утврдување на целата граница на Полска на исток – рече Туск при посетата на пограничното место Каракуле.

    Полскиот премиер по разговорот со командантите на пограничната стража, армијата и полицијата, рече дека Европа ќе мора да инвестира во својата надворешна граница во Полска бидејќи тоа е инвестиција во европската безбедност.

    – Нема ограничување на ресурсите кога станува збор за безбедноста на Полска. Како што рековме дека нема да штедиме на оружје и опрема за армијата, сакам да кажам и дека нема да штедиме на безбедноста на границите, не само кога станува збор за инфраструктура, но и опрема за секој војник поединечно – рече Туск.

    Тој предупреди дека се зголемува притисокот на илегалната миграција од Белорусија, која како дел од хибридната војна против Полска ја организира режимот во Минск.

    Пред неколку дена и полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш изјави дека земјата треба да има план за изградба на систем од ровови и бункери на источната граница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img