More

    Со пиштол го втерал до банкомат ама не успеал да извади пари

    spot_img

    На 10.05.2024 во 15.10 часот во Полициско одделение Теарце бил пријавен пожар во куќа сопственост на Х.У. (80) од тетовско Теарце, при што сопственикот се здобил со изгореници и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Екипа од Територијалната противпожарна единица Тетово го изгаснала пожарот.

    Денеска (11.05.2024)  во 02.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар М.Ј.(56) физички го нападнал Т.Џ.(18), двајцата од Скопје.

    На 10.05.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го привеле А.Ќ.(32) од Скопје поради тоа што, откако претходно лажно пријавил настан, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

    На 10.05.2024 во 15.30 часот од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар во Стара чаршија била пронајдена А.П.О.(73) од Турција, која на 09.05.2024 беше пријавена дека се оддалечила од хотел во Скопје, каде престојувала.

    На 10.05.2024 во 09.55 часот во СВР Скопје М.С.(46) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи, тој заедно со неговата сопруга М.С.(45) биле физички нападнати од Р.М.(51) и неговата сопруга.

    На 10.05.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Т.Н.(24) од Крива Паланка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од О.С.(67), кај која престојувала во нејзиниот дом под кирија.

    На 10.05.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение и нарушени семејни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.П.(36) и Б.П.(26) двајцата од Скопје.

    На 10.05.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје 19-годишна жена пријавила дека на 09.05.2024 околу 23.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.С.(21), кој употребил и тврд предмет.

    На 10.05.2024 во 23.18 часот во СВР Скопје В.Л. од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на Кеј Димитар Влахов, во близина на објектот на МАНУ во Скопје едно лице влегло во неговото патничко возило и со закана со оружје му побарало пари. Потоа двајцата со возилото од лицето се упатиле кон банкомат, каде лицето со платежните картички од пријавителот се обидело да извади пари, но не успеало.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img