More

    Младиот македонски кошаркар го преклопи дресот за да остане само Македонија

    spot_img

    Младиот кошаркарски репрезентативец, Тома Стојаноски, по доделувањето на медалите по финалето на Европското младинско првенство од Б дивизија, што се одржа во Скопје, го преклопи дресот и ја „покри“ Северна за да се фотографира само со името Македонија на дресот.

    Овој потег на младиот кошаркар од Гостивар наиде на голема поддршка на социјалните мрежи, а видеото стана хит.

    Видеото го сподели и неговата мајка, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

    „Во нашето семејство важи онаа народната: „Крушата под круша паѓа“… Нашите „круши” се нашите души… Само Македонија!!“, напиша Дафина Стојаноска во објавата.

    Кошаркарската федерација на Северна Македонија во која на претседателската функција е прославениот кошаркар Перо Антиќ, беше една од првите национални спортски федерации што го промени името со додавката Северна.

    Македонските кошаркарски репрезентации во минатото играа само со знаме на предната страна од дресот, но во последните неколку години на националниот дрес е напишано името Северна Македонија на англиски јазик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img