More

    Мицкоски вели дека ДУИ во првиот круг полнела гласачки кутии

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека имало полнење на гласачките кутии во првиот изборен круг од претседателските избори и дека зад тоа стои ДУИ.

    Тој истакна дека за ова ја известил меѓународната заедница и претставниците на ОБСЕ/ОДИХР но и дека слични нерегуларности очекува и на 8 мај.

    – Доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период/ Станува збор за избирачки мета во скопски Сарај, Липково, Арачиново итн. Треба граѓаните да знаат дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално под притисок и со мерки и средства недозовлени за демокрaтијата ги добива гласовите – рече Мицкоски.

    Тој упати и повик до меѓународната заедница будно да го следи процесот и да не го факторизираат криминалот на ДУИ кои што, тврди Мицкоски, истураат огромни количини на кеш пари, кои сакаат да бидат дел од власта за на исти начин да ги наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш.

    – Тука ја повикувам и меѓународната заедница да не го факторизира криминалот на ДУИ, бидејќи тие сега истураат огромни количини кеш, ги знаеме и менувачниците каде се истураат тие огромни количини кеш, а потоа на тој начин сакаат да бидат дел од  владата за да се наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш. Така што, уште еднаш апелирам и до меѓународната заедница будно да го следи процесот, бидејќи ова што се случува изминативе денови и ова што очекуваме да се случува во следниве денови, ги поминува, би рекол, условите во определени места да одржување избори во многу по неискусни демократии од македонската. И навистина ова што се случува е катастрофално за демократијата, во определени средини. Можам да кажам дека високи функционери, дури и членови на владата го прават ова придружувани од припадници на Министерството за внатрешни работи кои што се легитимираат кога ќе бидат фатени еклатантно, односно во процесот кога се случуваат овие притисоци и поткупи – истакна Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img