More

    41-годишен маж родум од Грузија е ликвидиран денес во Солун, во близина на центарот на градот, а полицијата трага по жена и двајца мажи кои се осомничени дека Грузиецот го изрешетале од возило во движење

    spot_img

    41-годишен маж родум од Грузија е ликвидиран денес во Солун, во близина на центарот на градот, а полицијата трага по жена и двајца мажи кои се осомничени дека Грузиецот го изрешетале од возило во движење.

    Убиството се случило денес околу 14 часот, во близина на детско игралиште.

    Жртвата од претходно ѝ е позната на полицијата и е доведувана во врска со криминални групи.

    Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотоцикл и ја соблекувал кацигата. Тогаш двајца мажи и жена во црвено „рено“ поминале со поголема брзина и испукале најмалку три истрели во насока на жртвата – еден куршум го погодил во грбот, а друг во рамото.

    Сведоците кажале дека тој се симнал од мотоциклот, направил неколку чекори и паднал.

    Делот од градот каде што се случило убиството е блокиран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img