More

    Мицкоски од Охрид : Не постои европски фронт за Македонија или проруска Македонија, постои само Македонија со иднина кои сами ја градиме

    spot_img

    „Не постои европски фронт за Македонија или проруска Македонија, постои само Македонија со иднина кои сами ја градиме, со европска перспектива кои сами мораме да ја оствариме. Ова е Македонија за сите. Македонија која е нашиот единствен дом“.

    Вака говореше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното чествување на Денот на сесловенските просветители во црквата Света Софија во Охрид.

    – И сакам да порачам нема лева или десна, постои само една Македонија! Не постои понуда за брод на кој мораме да се качиме за ЕУ, во делови или целосно. Постои работа, труд, реформи и принципи кои мораме да ги направиме за да влеземе во ЕУ, необезличени и со достоинство.

    За делото на Кирил и Методиј Мицкоски рече дека тие се дел од цивилизираниот свет и дека Македонија е колевка која на многу народи им поклонила слово, букви, писменост и просветление.

    – Но воедно, дозволете да бидам подеднакво гласен и да не се согласам со ирационалноста на политиката на источниот сосед кој негира секаква наша поврзаност со овие свети браќа и нашето човечко и цивилизациско право да се потпираме на нивното дело и да полагаме право на нивното наследство. И во тие нивни негаторски политики не само што нема никаква историска поткрепа, туку сè повеќе станува очигледно дека нема темел на кој се потпира оваа Македонија и народ кој не сакаат силно да го затресат.

    – „Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака?”, велеше Свети Кирил – подвлекува Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на последните случувања и исчекувањето на добивањето на Томосот за автокефалност на МПЦ-ОА. Тој рече дека лично поддржува единствено само непромена на уставот на МПЦ-ОА, под каков било предизвик и под какви било уцени.

    – Воедно сите оние кои на некој начин сакаат да го тестираат единството во нашата Свети Климентова црква, како и да вметнуваат некакви зрна на сомнеж, нека ги погледнат преполните цркви, преполните манастири како најдобар доказ за живоста на нашата црква и нејзината сила и свесноста на верниците за предизвиците кои се случуваат. Некогаш молкот кој се случува за некои работи не е порака за согласност, туку одбивање да се влегува во плановите на оние кои го нарушуваат единството. И во поглед на актуелностите и случувањата, потенцирам во поглед на актуелностите и случувањата, јас поддржувам единствено непромена на уставот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепикопија, под било каков предизвик и под било какви уцени, не смее да има промена на уставот на МПЦ-ОА – истакна Мицкоски.

    Истакна јасна и недвосмислена поддржка и доверба во Синодот и во мудроста на поглаварот на МПЦ-ОА дека ќе донесат одлука која ќе значи потврда и зачувување на македонскиот идентитетски предзнак во суштествувањето на нашата црква.

    – И силно ја поддржувам секоја понатамошна одлука која ќе значи потврда и зачувување на македонскиот идентитетски предзнак во суштествувањето на нашата црква. Верувам во Светиот Архиерејски Синод и во мудроста на поглаварот Господин Господин Стефан – додаде Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img