More

    Мисијата на ММФ: Економијата закрепнува, јавните финансии на добар пат, даночната реформа треба да се усвои

    spot_img

    Економијата закрепнува, додека јавните финансии се на добар пат. Даночната реформа и данокот на солидарност треба да се усвојат поскоро, без понатамошни одложувања. Потребно е ограничување на платите во јавниот сектор, за да се избегне големо оптоварување на јавните финансии и поттикнување на високата инфлација. Ова се накусо заклучоците за фискалната политика на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Жак Миниан, која ги разгледуваше економските состојби и политики во земјава на почетокот на јуни, во рамки на програмата за користење на Линијата за ликвидност и претпазливост (ПЛЛ).

    Како што се посочува во соопштението, објавено од страна на ММФ, во тек е економско закрепнување на земјава, со реален раст на БДП проектиран на 2,1 отсто за оваа година, и 3,4 отсто во 2024 година. Инфлацијата, исто така започна да опаѓа и се очекува истата годинава да се сведе на 9,2%, следната на 3,5%, додека до 2026 да се врати на стапката од 2%.

    Од Фондот истакнуваат дека јавните финансии се на добар пат и дека очекуваат дефицитот да биде во рамки на усвоениот со Буџетот за 2023 година. Сепак, како што нагласуваат, доцнењето во усвојувањето на даночната реформа и данокот на солидарност, може да влијаат на даночните приходи. Во овој контекст, тие препорачуваат даночната реформа, во чие дизајнирање имаше придонес и ММФ и која имаше долг период на консултации со јавноста, треба да се усвои без одлагање, исто како и данокот на солидарност. Напорите за подобрување на наплатата на даноците треба да продолжат и понатаму.

    Во однос на платите во јавниот сектор, од ММФ посочуваат, дека во Буџетот на централната влада веќе има простор за зголемување на платите за околу 10%, вклучително и усогласувањето на минималната плата оваа година. Сепак сè што е над ова би создало големо и трајно оптоварување на буџетот, а исто така би било ризик по другите суштински трошоци. Големите покачувања на платите во јавниот сектор, исто така, се ризик привремено високата инфлација да се претвори во постојано висока инфлација.

    Во однос на цените на електричната енергија, од Фондот нагласуваат дека блок-тарифите се значаен чекор во вистинска насока. Сепак, како што истакнуваат, цената на струјата за домаќинствата кај нас останува високо субвенционирана и меѓу најниските во Европа. Тие посочуваат дека треба да се продолжи со реформата, да се зголеми енергетската ефикасност и полека да почнат да се исклучуваат субвенциите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img