More

    Миша Гроф ги повлече тужбите против Николина Пишек

    spot_img

    По ненадејната смрт на Видоe Ристовиќ, неговата сопруга, познатата хрватска водителка Николина Пишек и татко му Миша Гроф започнаа јавна војна која траеше повеќе од една година, кога и двајцата упатија сериозни обвинувања кон другата страна.

    Николина Пишек го обвини свекорот дека сака да и го земе целиот имот, додека пак Гроф тврдеше дека водителката го користела неговиот син за пари.

    Речиси секојдневно со нови обвинувања и остри зборови го продлабочуваа конфликтот, а откако нивниот конфликт стана уште посериозен, решението за имотните конфликти го бараа на суд. Предмет на спорот бил и луксузниот имот што Видое и Николина го поседувале во Загреб, а кој Миша Гроф тврдел дека го финансирал.

    Откако се појавија гласини дека Николина го продала спорниот имот, се огласи Миша Гроф, кој призна дека ги повлекол сите судски случаи против неговата поранешна снаа.

    – Не бркам никаков спор против Николина, ги повлеков сите тужби. Не ме интересира што ќе прави – изјави Миша Гроф за „Блиц“.

    Како што објасни секретарката на Миша Гроф за споменатиот медиум, тој никогаш немал намера да земе имот од Николина, туку сакал да се избори за правата на Матеа, ќерка на Видое од првиот брак.

    – Миша беше во момент на растројство кога даваше изјави дека ќе и ја одземе куќата на Николана. Веројатно мислеше на правото на Матеа на таа куќа. Нема спор против неа – рече секретарката на Миша, која истакна дека Николина сепак не се откажала од тужбите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img