More

    Во акцијата „Армагедон“ полицијата уапсила седум лица во Белград, Ниш, Пирот и Лесковац

    spot_img

    Во акцијата „Армагедон“ полицијата уапсила седум лица во Белград, Ниш, Пирот и Лесковац. Тие се сомничат дека преку социјалните мрежи влегувале во комуникација со малолетници од сопствени и од лажни профили, праќале фотографии и видео снимки од порнографска содржина и прибавиле содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетник, како и договарале средба со малолетници за сексуален однос.

    „Се сомневаат дека подолг период со користење специјализирани апликации за споделување датотеки или со користење на специјални претраживачи кои овозможуваат прикривање и анонимност на локацијата, како и преку социјалните мрежи од сопствени и лажни сметки, стапиле во комуникација со малолетници, испраќале фото и видео снимки од порнографски содржини и добиени содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетник, како и договарање на средба со малолетници за сексуален однос“, соопшти српското МВР.

    Во соопштението се додава дека при претрес на становите на осомничените, со увид во компјутерите и компјутерската опрема, пронајдена е поголема количина на видео клипови и фотографии создадени со експлоатација на малолетници во порнографски цели, содржини за сексуална експлоатација на деца од три до четиринаесет години.

    Пронајдени се и други фотографии и видео записи за експлицитна злоупотреба на деца во порнографски цели, како и пораки со сексуална содржина со кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img