More

    Министерката за одбрана објаснува зошто се протерани тројцата руски дипломати

    spot_img

    Tројцата руски дипломати, кои неодамна беа протерани, се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе да загрозат стратешки национални интереси на нашата држава – изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на прес-конференција во Скопје со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец одговарајќи на новинарско прашање.

    – Нашиот пат, патот на државата, не само на оваа Влада, туку на државата во целина, е многу јасен и многу пати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и во ЕУ и секој еден кој ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава – изјави министерката.

    Таа додаде дека Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од вакви или слични влијанија.

    – Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од било какви влијанија вклучително и на вакви злонамерни, тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси следствено на тоа сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање, туку и на другите безбедносно – разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа, закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале – рече Петровска.

    На 12 септември во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени за непожелни во државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img