More

    Милијардерот се пошегува, луѓето протестираат за осумте долари!

    spot_img

    Додека светот гледа како најбогатиот човек и нов газда на Твитер ги преполовува вработените во фирмата отпуштајќи стотици луѓе, Илон Маск на својот Твитер-профил направи мала шега. Тој под својата слика напиша дека е „жешка линија за поплаки на твитер“.

    Хуморот на Маск не ги разубеди големиот број на корисници кои се бунат поради најавата дека ќе се плаќа 8 долари месечно за да се докаже веродостојноста на секој профил. Со оваа мерка Маск планира да се бори против многуте спам-профили.

    За да го покажат својот бунт луѓето покрај својата профилна сликичка ставаат слика од стаорец наместо сино-белиот знак кој ја докажува автентичноста на корисникот.

    Вчера, Илон Маск постираше стрип во кој објаснува дека и без претплата од 8 долари ќе може да се поседува профил, но „без привилегиите“. Останува да видиме која ќе биде разликата и што точно ќе предвидува оваа мерка.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img