More

    Медицински сестри малтретираат жена во старечки дом

    spot_img

    Две вработени медицински сестри во Домот за стари лица во Пеќ се уапсени поради видео кое се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како малтретираат постара жена која престојувала во домот една година, соопшти косовската полиција.

    Нејзините блиски дури денеска од видеото дознале дека жената била злоставуваната и веднаш си ја земале  дома.

    Во меѓувреме, со реакција на социјалните мрежи излезе Антон Расај, акционер во пеќкиот дом, кој се извини за случајот.

    „Се извинуваме за снимките кои не погодија сите. Јас Антон Расај, денес како најголем акционер во компанијата Оренда во Пеќ случајно бев овде со моето семејство. Итно ги презедов сите дејствија. Јас сум инвеститор, заработените заштеди во странство одлучив да ги вложам со семејството во мојата татковина. Вработивме луѓе и се погриживме да отвориме работни места за нашите сонародници и да обезбедиме максимално професионално однесување од персоналот во нашиот центар, но ситуацијата, односно инцидентот не остави без зборови. Немам зборови да опишам како се чувствував, кога го видов однесувањето на медицинските сестри“, објави Расај преку социјалните мрежи.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img