More

    Маринецот си доби лекција за примерно однесување

    spot_img

    Австралиски обезбедувач нокаутирал американски маринец откако војникот му се заканил: „Можам да те убијам, јас сум обучен атентатор“!

    На судењето во Дарвин, беше прикажана снимка од надзорните камери пред ноќен клуб на која се гледа како маринецот Глен Томасон го напаѓа чуварот на „Хајден“, Роберт Брус Самерс.

    На видеото се гледа како Томасон замавнува со раката пред лицето на Самерс, кој потоа со една шлаканица го нокаутира на земја.

    Потоа се гледа како Самерс го превртува на страна онесвестениот маринец и му дава прва помош.

    На судењето тужителот се изјаснил за невин затоа што дејствувал во самоодбрана.

    Неговиот адвокат рече дека маринецот бил агресивен и поттикнувал расправија и му рекол на обезбедувачот дека може да го убие затоа што е „американски маринец, обучен убиец“.

    За тоа време, според адвокатот, Самерс се обидувал да ја смири ситуацијата и на крајот во самоодбрана му удрил шлаканица на маринецот доволно силно за да го фрли на подот. Во таа прилика Томасон удрил со глава во тротоарот и се онесвестил.

    Од друга страна, обвинителството бара остра казна за обезбедувачот, наведувајќи дека употребил непотребна сила и можел да го убие Томасон.

    Околу 2.000 американски маринци се стационирани во базата во Дарвин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img