More

    Македонската легенда во одбрано друштво го прослави полуфиналето на Интер

    spot_img

    Интер после ерата на Жозе Мурињо и последната европска круна со Горан Пандев во тимот во 2010 година првпат ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите и градскиот ривал Милан е противникот за финалето во Истанбул.

    Токму поранешниот македонски репрезентативец, кој беше талисман според навивачите на „нероаѕурите“, вчера во друштво со Диего Милито и Родриго Паласио на трибините на „Џузепе Меаца“ го гледаа успехот на Интер и пласманот во следното коло во најсилното европско клупско натпреварување.

    Фудбалерите на Интер одиграа само нерешено во синоќешната домашна реванш-пресметка од четвртфинале во Лигата на шампионите (ЛШ) против Бенфика (3-3), но се пласираа меѓу четирите најдобри екипи со оглед на триумфот на првата средба во Лисабон (2-0).

    Во вториот вчерашен дуел Манчестер Сити одигра уште еден меч на високо ниво и покажа дека во моментов е поквалитетен тим од Баерн Минхен. Момците на Пеп Гвардиола ја завршија задачата и закажаа пресметка со Реал Мадрид во полуфиналето.

    Манчестер Сити првата голема шанса ја имаше во 38. минута кога Халанд не реализираше пенал кој беше досуден по игра со рака на Упамекано.

    Францускиот дефанзивец направи нова грешка во 57. минута кога се лизна, овојпат Халанд го искористи неговиот кикс и постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.

    Баерн Минхен во 83. минута постигна гол од пенал, Кимих биеше прецизно за израмнување на 1-1. Оваа средба заврши нерешено, но пред натпреварот Сити имаше голема предност од 3 гола која ја стекна на средбата во Манчестер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img