More

    Македонија минатата година напреднала само две места нагоре во однос на Индексот за перцепција на корупцијата според Транспаренси Интернешнел споредено со претходната 2021 година

    spot_img

    Македонија минатата година напреднала само две места нагоре во однос на Индексот за перцепција на корупцијата според Транспаренси Интернешнел споредено со претходната 2021 година. Четириесетте поени од 100 кои ги имаме, кога 100 би значеле дека воопшто нема корупција, се многу слични со бројките на нашите соседи: зад нас се само Албанија, Србија и Босна и Херцеговина која е најлошо рангирана на 110. место. Македонија е на 80-тата позиција.

    Македонија имаше најдобар резултат во 2014 година – 64. место, а најлош во 2020 година – 111.место од 180 земји. Графикот прикажува како се движела корупцијата од 2012 година до денес.

    Данска, Финска и Нов Зеланд остануваат најмалку корумпирани, а во првите 10 се балтичките земји, Германија, Швајцарија, Ирска…Најкорумпирани според Транспаренси Интернешнел се Сомалија, Сирија и Јужен Судан.

    Утешната, а исторемено лоша вест е дека секои две од три држави во светот имаат помалку од 50 поени, што значи се во рангот сличен на Македонија. И на другите им е тешко да се борат со корупцијата. Па така, дури 155 од 180 држави на планетата годинава немале напредок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img