More

    Македонија, државните институции, локалните власти како и македонските граѓани, се анимираа во напорите да соберат што повеќе помош за настраданите од страотниот земјотрес што ги погоди Туркије и Сирија

    spot_img

    Македонија, државните институции, локалните власти како и македонските граѓани, се анимираа во напорите да соберат што повеќе помош за настраданите од страотниот земјотрес што ги погоди Туркије и Сирија. Помош собираат граѓани и фирми на пунктови, општини издвојуваат од своите скромни буџети, државни институции испраќаат тимови и опрема за помош на настраданите. Македонија и Македонците на дело ја покажуваат важноста на светската солидарност во кризни моменти, кои и самите ја имаат искусено во земјотресот во Скопје од 1963 година.

    На пункт на плоштадот Македонија во Скопје граѓани донираат облека, храна, хигиенски средства и сè она што им е неопходно на луѓето погодени во земјотресот. Пунктот е отворен 24 часа.

    – Луѓето најмногу донираат зимски алишта, шатори, храна. Има донации од сите генерации. Многу сме среќни поради тоа. Бошњаци, Албанци, Македонци, Турци… сите помагаат, а ние секогаш сме тука, секој може да дојде во кое било време и да донира – дваесет и четири седум – велат за МИА активисти на Црвениот крст.

    Владата на итна седница донесе одлука за испраќање парична помош за Турција, како и екипи кои ќе учествуваат во расчистување и пронаоѓање на луѓе заробени во урнатините најави дека ќе бидат испратени и дополнителни професионалци од институциите задолжени за справување со кризи.

    Министерство за надворешни работи е задолжено да комуницира со колегите од Туркије и Сирија, за да се утврди како Македонија може да помогне и кои се нивните потреби.

    Министерството за финансии е задолжено да достави одлука за одобрување средства од резервите на Буџетот за 2023 година, во износ од 6 милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес.

    Армијата на Република Северна Македонија упати тим за претрага и спасување составен од 24 армиски припадници и две кучиња, коишто веќе заминаа за Турција, како и 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.

    – Армијата со авион упати обучен тим за пронаоѓање и спасување, составен од припадници на баталјонот за специјални сили и двајца водачи со службени кучиња, обучени за трагање од командата за обука и доктрини, кои ќе го вложат нивниот максимум за спасување на човечки животи под урнатините – информира АРСМ.

    Дирекцијата за заштита и спасување упати тимови за заштита и спасување во реонот погоден од земјотрес во Турција. Упатени се вкупно 40 лица, професионалци, од различни градови, и од различни тимови за спасување од урнатини, од високи објекти, со возила и опрема од Дирекцијата, кои поминале соодветни обуки. Планирано е тие да бидат таму околу десетина дена.

    Дирекцијата за заштита и спасување испраќа екипи со 40 спасители – припадници на републичките сили за заштита и спасување, со комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

    Министерството за здравство е задолжено итно да подготви одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови. Министерот Беким Сали ги повика здравствените работници да учествуваат во хуманитарните активности.

    – Вашето знаење и искуство во областа на медицината се непроценливи, а секоја помош во вакви случаи е добредојдена. Ве повикувам да ни се придружите и да ја покажеме нашата солидарност и знаење со цел да им помогнеме на тие на кои им е навистина потребно – рече Сали во јавниот повик до лекарите.

    Град Скопје информира дека испратил екипа пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во Газиантеп, Туркије и за денешната вонредна седница разгледува продлог да одобри 6 милиони денари првична хуманитарна помош за настраданите од земјотресот.

    Од Град Скопје велат дека се во контакт со локалните власти од Газиантеп и дека сè што ќе произлезе како потреба на тамошните власти, Град Скопје ќе го става на располагање.

    – Скопје знае што значи солидарност. Скопје е град на солидарноста, се вели во соопштението од Град Скопје.

    Куманово донираше милион денари, по 500.000 денари и на Туркије и на Сирија за помош и поддршка на граѓаните на овие две држави по катастрофалниот земјотрес, одлучија советниците на вонредна седница на советот. Одлуката беше донесена едногласно.

    Парите се одделуваат од резервите на општина Куманово и ќе се распределат на жиро сметките кои ќе им ги достават дипломатските претставништва на двете држави.

    Советот на Тетово одлучи да одвои еден милион денари (околу 16.000 евра) за земјите што се погодени од земјотреси. Општината определи и места каде граѓаните ќе можат да донесат материјални помош, а најави дека ќе отвори и жиро-сметка за да можат и жителите да донираат парични средства за помош.

    Од Гостивар осум пожарникари од Територијалната противпожарна екипа вчера заминаа за Турција заедно со хуманитарна помош. Тие ќе им помогнат на турските власти во санирање на штетите и ќе пружаат помош на тамошните жители по катастрофалните потреси што го зафатија погодениот регион на Турција.

    Екипата која заминаа за Турција со себе ќе понесе и хуманитарна помош донирана од компанијата „Алмеро“.

    Советот на Општина Кавадарци вечерва на вонредна седница одобри 900 илјади денари пари од општинскиот буџет, за настраданите од земјотресите во Турција и во Сирија.   

    Тие беа едногласни, сума од 600 илјади денари да биде уплатена на трансакциска сметка добиена од турската амбасада за настраданите во Република Турција, додека 300 илјади денари да бидат уплатени на сметката на Црвен Крст на РСМ, со намена за настраданите од земотресот во Сирија.

    Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев информираше дека денеска и утре кон настраданите подрачја ќе тргнат 10 шлепери со вода за пиење, од кои пет се донација од фондацијата „Никола Јанчев”, а пет се донација од почесниот конзул на Република Турција во Битола, Ајдован Адемоски.

    Советот на општина Гази Баба по иницијатива на градоначалникот Бобан Стефковски на седница донесе одлука за определување 500.000 денари финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија.

    Советот на општина Маврово и Ростуше на вонредна седница донесе едногласно одлука да се додели финансиска помош во износ од 500.000 денари за настраданите во подрачјата погодени од земјотресот. Исто така едногласно беше одлучено деновите до 12. 02. 2023 година да се прогласат за денови на жалост во Општина и знамињата пред седиштето на општината да бидат поставени на половина копје.

    – Искрено сочувствуваме со братските народи во Република Турција и Сирија, изразуваме жалење за загубените човечки животи и посакуваме брзо закрепнување на сите повредени лица, велат од општината.

    Жителите на оваа општина хуманоста ја демонстрираат со собирање хуманитарна помош на неколку пунктаа.

    Од Пробиштип екипа рудари заминаа за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес во Турција

    – Екипа вработени рудари од рудникот „Булмак 2016“, во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, утрово замина за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес. Им посакуваме успешно да ја завршат својата хумана мисија – соопшшти градоначалникот Драган Анастасов.

    Од Штип 5 пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип ќе заминат за Турција, соопшти градоначалникот Иван Јорданов.

    – Пожарникарите ќе заминат со вториот конвој на Дирекцијата за заштита и спасувањ.

    Целта е да дадеме поддршка во име на хуманоста и солидарноста на најпогодените подарчја, да помогнеме на настраданите и при извлекувањето луѓе кои се под урнатините во подрачјата каде што се случи катастрофалниот земјотрес – рече Јорданов. Тој најави дека Советот на вонредна седница ќе реши да се издвојата средства од буџетот, со цел да се донира на граѓаните и општините во настраданите земјиТој рече дека во Штип граѓански активисти и здруженија ќе отвараат пунктови за да можат граѓаните и компаниите да донираат за настраданите од земјотресите.

    Општина Прилеп најави дека ќе обезбеди финансиски средства за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што ги зафати областите на Туркије и на Сирија. Советниците ќе одржи вонредна седница за да ја одредат висината на помошта. Општината упати апел до сите сограѓани во рамките на своите можности да помогнат преку Фондот на солидарноста на Црвениот крст или преку телефонските броеви за донација.

     

    Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија. како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1, додаде Анастасов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img