More

    Мајките на загинатите руски војници се згрозиле од подароците

    spot_img

    „Сергеј Коростелев, шеф на област во регионот Курск, ги дарувал мајките на загинатите руски војници со се крпи“.

    Вака гласи статусот објавен заедно со фотографиите кои со брзина на светлината се споделуваат на социјалните мрежи, а веста на Телеграм ја споделил и порталот „Horizontal Russia“.

    Рускиот службеник на тој начин сакал да им оддаде почит на загинатите руски војници во Украина, а воедно и да им го честита Денот на мајката на женичките кои останале без своите чеда.

    Дел од зацрнетите мајки му се заблагодаруваат на Коростелев поради тоа што не ги заборавил, но има и такви кои се згрозени од подароците.

    Така, во коментарите на локалните медиуми се јавуваат и оние кои пишуваат дека се е евтина замена за мртвите.

    „Многу проѕирно. Евтини крпи како замена за мртвите“, се некои од коментарите на разочараните жители.

    Претходно Игор Кобзев, гувернер на Иркутската област, на семејствата на загинатите им делел медали „Мајки на бранителите на татковината“, а на жените притоа им кажал дека нивните деца ѝ припаѓаат на државата.

    Кремљ го крие точниот број на загинати руски војници. Според извештајот од крајот на септември, од 24 февруари загинале 5.937 војници. Украинците тврдат дека бројот изнесува 88.000.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img