More

    Мајката на познатата пејачка Шакира итно е хоспитализирана откако и е откриено згрутчување на крвта во ногата

    spot_img

    Мајката на познатата пејачка Шакира итно е хоспитализирана откако и е откриено згрутчување на крвта во ногата. Нидија Рипол, наводно, прво доживеала мозочен удар, но шпанските медиуми објавија дека извори блиски до пејачката рекле дека проблемот е поврзан со длабока венска тромбоза. Исто така, се тврди дека нејзината состојба не влијаела на нејзиниот мозок, но познатата колумбиска пејачка сè уште не се огласила по повод состојбата на мајка си.

    Таткото на Шакира, Вилијам Мубарак, исто така, има сериозни здравствени проблеми по операцијата минатата година, што влијаеше на одлуката на Шакира да ја одложи преселбата во Мајами со децата, на кој се одлучи по разделувањето од поранешниот фудбалер Жерар Пике.

    Имено, Мубарак претходно беше хоспитализиран во Барселона, откако падна. Пејачката имала намера да се пресели од Барселона на Флорида на почетокот на годината со синовите Милан и Саша.

    Сепак, лекарите ги откриле здравствените проблеми на мајката откако таа не се чувствувала добро, поради што побарала лекарска помош, а во петокот итно била пренесена во болница. Во моментот е надвор од животна опасност и се очекува во догледно време да се врати дома.

    Сè уште е неизвесно дали Шакира ќе мора повторно да ги одложи плановите за заминување од Шпанија, откако веќе мораше да го стори тоа во јануари, одлучувајќи да почека до крајот на учебната година во јуни. Шакира и Пике претходно потврдија дека потпишале договор за старателство над децата по долги преговори кои завршија со маратонска 12-часовна средба со нивните адвокати.

    Договорот го склучија на судот во Барселона во декември, а договорено е фудбалерот да поминува време со децата во текот на празниците. Инаку, парот раскина во мај минатата година по 12 години заеднички живот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img