More

    Петровска испратила оперативци на задача во Косово, но уште првиот ден ги уапсиле

    spot_img

    Министерката за одбрана Славјанка Петровска пред десетина дена испратила оперативци-разузнавачи на задача во Косово, но тие веднаш штом стапнале таму биле приведени поради сомнителни околности, открива Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој обвинува дека СДСМ и министерката Петровска ја донеле воената служба за безбедност на ниво на потсмев.

    „И воената служба за безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана ја направија за потсмев.
    Оперативци-разузнавачи пред десетина дена биле испратени на задача во Косово од страна на министерката Славјанка Петровска, но истиот ден кога дошле на Косово, биле приведени поради сомнителни активности. (!!)
    Цели 10 дена од Министерството за одбрана молчат за апсењето на оперативци на Воената служба за безбедност и разузнавање во Косово. Што барале дополнителни разузнавачи на територија на Косово каде што веќе има НАТО мисија и зошто Славјанка Петровска ги испратила оперативците без амин од одговорниот командант, останува да одговори министерот за одбрана. Не сакам ниту да помислам дека нашите разузнавачи биле уапсени затоа што на странска територија се претставувале дека се разузнавачи. Инаку, за да ја покријат неспособноста, веднаш после неколку дена, Славјанка Петровска испратила дополнителни офицери од истата служба на Косово, но овој пат со најава кај надлежните и под плаштот дека треба да вршат разговори со припадниците на македонскиот контингент кој е на мисија во Косово. Случајот е забошотен, како и сѐ друго досега. Колку за појаснување, одговорните раководители на воената служба кои ја доведоа истата служба до ниво на потсмев, се наградени со девизни плати од 3-4.000 евра месечно – едниот од Радмила Шекеринска со неколкугодишна мисија во ОБСЕ во Виена, а вториот од Славјанка Петровска и од Стево Пендаровски во Брисел“, напиша Ковачки на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img