More

    Пресудите од Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците од Бугарија, кои Бугарија не ги спроведува, ќе бидат вметнати во извештајот на Советот на Европа во април

    spot_img

    Пресудите од Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците од Бугарија, кои Бугарија не ги спроведува, ќе бидат вметнати во извештајот на Советот на Европа во април – најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисија на Радио Лидер.

    – Во април има редовна сесија на Парламентарното Собрание на кој што една од главните точки е спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права од Стразбур, и исто така јавноста малку знае дека јас сум еден од луѓето кои што го следи спроведувањето на овие пресуди и сум дел од тој Комитетот во Советот на Европа. Ќе има доста жестока дискусија во однос на Бугарија, затоа што, еве можам ексклузивно и за јавноста да кажам, дека ќе бидат вметнати во тој извештај пресудите кои што се однесуваат на Македонците од Бугарија, а кои што Бугарија не ги спроведува. Но, повеќе за тоа ќе може да зборуваме во април – изјави Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img