More

    ЛП: Милан бара одмазда против Челзи, Динамо го пречекува Салцбург во Загреб

    spot_img

    Натпреварувањето во Лигата на шампионите продолжува вечерва, а најинтересниот натпревар треба да го одиграат Милан и Челзи на Сан Сиро.

    Претходниот натпревар заврши катастрофално за миланезите. Челзи беше подобар со 3:0, а за избраниците на Стефано Пиоли ова ќе биде идеална можност да го поправат лошиот впечаток што го оставија на Стемфорд Бриџ.

    „Ова е игра што многу ни значи, бидејќи противникот е силен, и затоа што сакаме да созреваме како тим. Не смееме да играме оптоварени од последниот натпревар, бидејќи утре ќе биде поинаков натпревар. Многу ќе биде поинаку. Но првенствено треба да одиграме на нашето ниво“, изјави Стефано Пиоли на последната прес-конференција пред натпреварот.

    Тренерот на гостите Греам Потер смета дека натпреварот може да биде поинаков.

    „Овој натпревар ќе биде голем предизвик. Ова е неверојатен стадион. Играта ќе биде сосема поинаква. Милан ќе го користи својот домашен терен, како и ние. Ќе бидат два добри тима и очекувам фантастична игра“, изјави Потер.

    Интересно ќе биде и во Загреб, каде Динамо ќе го пречека Салцбург, а ПСЖ без повредениот Меси ќе ја пречека Бенфика во Париз. Копенхаген од 18:45 часот го пречекува Манчестер Сити, а во исто време играат Макаби Хаифа и Јувентус. Од 21 часот играат Борусија Дортмунд – Севиља, Селтик Лајпциг и Шахтјор – Реал Мадрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img