More

    Лекари без граници: Здравствената состојба во Газа од ден на ден се влошува

    spot_img

    Заменик медицинскиот координатор на Лекари без граници (MSF) во Газа, Мухамед Абу Мугајсиб изјави дека здравствената состојба во Газа од ден на ден се влошува.

    Заменик медицинскиот координатор на Лекари без граници (MSF) во Газа, Мухамед Абу Мугајсиб изјави дека здравствената состојба во Газа од ден на ден се влошува, пренесува Anadolu.

    Мугајсиб одговараше на прашањата на новинарите на АА за последната ситуација во Газа, која е под интензивни израелски напади и блокада, како и за тешкотиите во обезбедувањето здравствени услуги.

    Истакнувајќи дека повеќе од 30.000 луѓе, главно жени и деца, се убиени во Газа, Мугајсиб рече: „Ова е доволно за да се опише моменталната ситуација во Газа“.

    Мугајсиб истакна дека, како Лекари без граници, поддржале неколку болници во градот Рафах во јужна Газа, но не можеле да стигнат до другите болници на север, во Кан Јунис и Сити Газа.

    „Нема безбедна зона во Газа. Ова се однесува и на луѓето и на здравствените работници“, рече Мугајсиб.

    Тој изјави дека раселените, особено на југот на Газа, ќе се соочат со големи тешкотии за време на Рамазан, светиот месец на муслиманите.

    Тој потсети дека околу 1,5 милиони луѓе живеат во шатори во Рафах.

    Истакнувајќи дека хуманитарната помош испорачана во Газа не е доволна, Мугајсиб повика на зголемување на хуманитарната помош, вклучително и медицинската помош за Газа.

    Мугајсиб изјави дека прават се за да им пружат здравствена заштита на пациентите, но дека ситуацијата е потешка отколку што изгледа.

    „Здравствената состојба во Газа од ден на ден се влошува. Во моментов, има многу малку болници кои работат во јужна Газа“, додаде Мугајсиб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img