More

    Овие макарони се опасни по здравјето – Дали се продаваат и во Македонија?

    spot_img

    Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина беше известена преку Системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна (EU RASFF) дека на нивниот пазар се испорачани макарони без глутен, со потекло од Романија, во кои е утврдено присуство на недозволени количини на микотоксинот деоксиниваленол.

    Станува збор за тестенини „Pasta D’oro gluten free – 500 g fideos/gluten free macaroni“, произведени од „Sam Mills/Pasta Mare“.

    Се наведува дека оваа количина на загадувачи може да има сериозен ризик по здравјето на луѓето.

    „Наведениот производ не е во согласност со одредбите од Правилникот за максимално дозволени количини за одредени загадувачи во храната“, наведуваат од Агенцијата.

    Оттаму додаваат дека сите достапни информации за производот, во согласност со важечките прописи, се доставени за понатамошно постапување до релевантните инспекциски тела во Босна и Херцеговина, од кои е побарано да преземат мерки и да пријават назад до Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img