More

    Лавров: Ризикувате трета страна да се вклучи во конфликтот во Украина

    spot_img

    Рускиот министер за надворешни работи ја обвини Украина дека со нејзините барања за помоќно оружје предизвикува дополнително мешање на Запад во руската воена акција.

    Сергеј Лавров, откако Соединетите Држави ја објавија својата намера да испратат напреден ракетен систем во Украина, посочи дека постои ризик третата страна да се вклучи во конфликтот.

    „Работите што режимот во Киев ги бара од своите западни покровители прво ги надминуваат сите граници на пристојност и дипломатски односи и, второ, се директна провокација чија цел е да го вовлече Западот во борба“, рече Лавров на прес-конференција во Саудиска Арабија.

    САД: Украина нема да го користи нашиот ракетен систем на руска територија
    Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Украина им ветила на САД дека нема да ги користи напредните ракетни системи што ги испрати за цели лоцирани на руска територија.

    „Постои голема доверба меѓу Украина и САД, како и меѓу нашите сојузници и партнери“, изјави Блинкен на прес-конференција.

    Да потсетиме, новото оружје ќе вклучува високомоќен артилериски ракетен систем (HIMARS) М142. Системите можат да лансираат попрецизно наведувани ракети кон цели оддалечени 70 километри, што е значително повеќе од опремата што Украина моментално ја има.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги обвини САД дека намерно долеваат масло на огнот со испраќање оружје и рече дека не верува дека Киев нема да пука со оружје кон Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img