More

    Лагард не е сигурна кога точно ќе почне намалувањето на каматите

    spot_img

    Европската централна банка останува на пат да ги намали каматните стапки во блиска иднина, изјави претседателката на Банката Кристин Лагард.

    Таа рече дека ЕЦБ  „многу внимателно“ ќе ги следи цените на нафтата во услови на зголемени стравувања од прелевање од конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, додаде таа, по воздушниот напад на Иран врз Израел во текот на викендот дека реакцијата на цената на нафтата била „релативно умерена“.

    Нејзиниот коментар доаѓа по нејасната изјава на ЕЦБ дека на состанокот во јуни  може да започне со намалување на каматните стапки.

    – Набљудуваме дезинфлациски процес кој се движи во согласност со нашите очекувања. Мораме само да изградиме малку поголема доверба во процесот на дезинфлација, но ако се оди според нашите очекувања, ако немаме голем шок во развојот, се движиме кон моментот кога треба да ја олесниме рестриктивната монетарна политика. Како што реков, без развој на дополнителен шок, ќе биде време да се олесни рестриктивната монетарна политика на разумно краток рок- изјави Кристин Лагард на маргините на пролетните состаноци на ММФ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img