More

    Курти: Мораме да го преиспитаме нашето однесување кон животната средина и природата

    spot_img

    Косовскиот премиер Аљбин Курти на седницата на Владата на Косово рече дека Владата секогаш ќе биде со општините, семејствата, компаниите и граѓаните од подрачјата погодени од поплавите. Тој во воведниот дел од седницата зборуваше за големите штети што ги предизвикаа поплавите во последните денови во дел од Косово.

    „Од нашите теренски посети, одблиску ја видовме нивната разорна моќ. Штетата е голема, но опасноста не поминала. Реакцијата на државните институции беше брза. Солидарноста меѓу себе беше одлична. За среќа, последиците се само материјални“, рече Курти.
    Професор по шумарство: Итно пошумете илјадници хектари за да ги избегнете
    Тој додаде дека од првиот момент Владата им помага на граѓаните во поплавените подрачја.

    „И преку Агенцијата за вонредни ситуации, косовската полиција, како и Косовските безбедносни сили интервениравме за да обезбедиме итна поддршка. Овде драгоцен придонес дадоа и регионалните водоводи за да се обезбеди снабдување со вода за пиење“, рече Курти.

    Тој додаде дека на барање на општините обезбедени се кревети, ќебиња, лекови, хигиенски пакети, облека и храна.

    Евакуацијата на семејствата и евакуираните семејства ја вршеа Косовските безбедносни сили преку Националната гарда и тимовите за пребарување и спасување.

    Сега, додека работиме заедно на санирање на штетите, покрај последиците, треба да се справиме и со причините за размерите на поплавите“, рече тој.

    Посебно истакна дека мора да се преиспита однесувањето кон животната средина и природата, бидејќи тоа е една од причините за големите поплави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img