More

    Криминалот и корупцијата се главен проблем, време е тоа да го промениме вели Муцунски

    spot_img

    Според оценките на Фридом хаус дадени и објавени во нивниот последен извештај за „Државите во транзиција 2024″ Република Македонија се наоѓа на листата на нации во транзиција и е оквалификувана како „цикличен хибрид”, односно како систем во кој смената на власта и елитите оневозможува да се донесат клучни структурни промени и реформи, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција.

    – Во извештајот се констатира и дека слободата на изразување генерално се почитува, но дека медиумскиот пејзаж останува значително фрагментиран, вклучително и по етничка линија. Се напоменува дека новинарите, особено оние кои известуваат за корупција и злоупотреба на власта, продолжуваат да се соочуваат со малтретирање и други предизвици.

    Рејтингот за судската рамка и независност е намален од 3,25 на 3,00, рејтингот за корупција е намален од 3,25 на 3,00 и како резултат на тоа, оценката за демократијата на Македонија е намалена од 3,86 на 3,79.

    Тоа е во целосна спротиставеност со очекувањата на нашите граѓани, но и со неопходноста од промовирање на антикорупциските механизми и судските реформи, кои се особено важни доколку сакаме да имаме суштински напредок во нашиот процес на пристапување кон ЕУ – истакна Муцунски.

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги издвои клучните забелешки во извештајот на Фридом хаус кои се однесуваат на судството како една од најнедоверливите институции во Македонија и корупцијата како најголем предизвик за земјата.

    – Судството и понатаму е една од најкритикуваните и најнедоверливи институции во Република Македонија, широко перципирајќи го како неефикасно, неефективно и склоно кон корупција и политичко влијание, вклучувајќи го и лошото работење на Судскиот совет и наводите за непотизам при именувања.

    Корупцијата останува најголемиот предизвик на земјата, а антикорупциските напори се соочија со значителни падови во 2023 година поради измените во Кривичниот законик со злоупотреба на европското знаменце, а со кои се намалија казните и застареноста за корупција и доведоа до затворање на активни обвиненија против поранешни и сегашни владини функционери.

    Големиот број на наводи против високи функционери, останува да биде нотирано во извештајот – посочи Муцунски.

    – Корупцијата исто така останува главна грижа и за јавноста и за другите меѓународни актери, особено за ЕУ и САД, кои постојано ја критикуваат Република Македонија дека не успеа ефикасно да се справи со посочените проблеми. Во наведениот контекст не смееме да заборавиме дека токму меѓународната заедница препознаена преку ЕУ и САД постојано вложува максимални напори да ни помогне со финансирање на разни програми, пренесување на искуства и знаења, но истовремено покажува сериозна решителност за санкционирање, како што беше неодамнешниот случај со објавување на црната листа на САД на која се најдоа голем број на политичари од власта – забележува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Владеењето на правото, ефикасноста на правосудната власт и справувањето со корупцијата се сериозни проблеми кои во голем дел продолжуваат да ја загрижуваат македонската јавност, која веќе стана имуна на скандалите во областа на правосудството и јасно ја забележува немоќта и неподготвеноста на државата и нејзините институции и поединците во нив да се спротивстават на политичките влијанија и на другите предизвици со кои очигледно се соочуваат.

    – Крајно време е да се променат негативните состојби и тенденции кои за жал особено се изразени во последните неколку години и кои сериозно ја разоруваат основата на нашата правна држава.

    Крајно време е на граѓаните да им дадеме надеж дека Република Македонија може и мора подобро со подобро раководење, знаење, со силна волја, решителност и одговорно однесување да внесе нова енергија и ќе ги создадеме сите предуслови да отвориме нови перспективи за да ја претвориме нашата татковина во пристојна европска држава, веќе широко препознатлива по своите богати традиционални и културни вредности – порача Муцунски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img