More

    Макрон тужи за клевета по тврдењата дека го сменила полот

    spot_img

    Брижит Макрон (71) ја тужи за клевета новинарката Наташа Реј, која тврдеше дека првата дама на Франција е родена како маж. Рочиштето е поместено од март 2025 година за 19 јуни 2024 година на барање на адвокатот на сопругата на Емануел Макрон, а по тврдењето на Реј дека Брижит е родена под името Жан-Мишел Троње.

    – Новинарката Наташа Реј ги изнесе наводите за Брижит Макрон во интервју на Јутјуб во 2021 година и оттогаш гласините се проширија – рече адвокатот на француската прва дама и побара сослушувањето да се забрза бидејќи се појави загриженост откако таквите гласини се проширија надвор и од Франција.

    – Во последните недели преку инфлуенсерката Кендис Овенс, која го пренесе сето ова, штетата по мојата клиентка од ден на ден се зголемува, особено на меѓународен план – рече адвокатот.

    Во интервју за Le Nouvel Obs, Наташа Реј изјави дека нема да може да присуствува на сослушувањето во јуни, бидејќи боледува од рак. Нејзиниот адвокат потврди дека на денот на судењето ќе достави ново лекарско уверение.

    Таа, заедно со жената што се претставува како видовита, Амандин Рој, минатиот месец беше казнета со „симболична казна“ поради тврдењата за Брижит Макрон. Судот во Нормандија им нареди да платат по 1.700 фунти и беа прогласени за виновни за клевета. Казните беа намалени по жалбата.

    Рој мораше да плати 850 фунти, а Реј 400 фунти. После тоа двете рекоа дека владата ги заплашила и дека ултра заштитениот естаблишмент во Париз крие државна тајна.

    Во интервју од 2021 година дадоа контроверзни изјави, а името Жан Мишел Троње е всушност името на братот на Брижит Макрон, пишува Дејли Мејл.

    Првата дама на Франција пред бракот со Макрон се презиваше Троње.

    Видеото во кое новинарката тврди дека Брижит Макрон е родена како машко, траеше четири часа, а имаше 470.000 прегледи пред да биде избришано од Јутјуб. Во 2021 година, Фигаро објави дека првата дама на Франција планира да ги тужи оние кои започнале теории на заговор за неа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img