More

    Кинеската армија го опколи Тајван, почнаа воените вежби: „Ова е казна за сепаратистичките потези“

    spot_img

    Источната команда на Народноослободителната војска на Кина (ПЛА) соопшти дека започнала заеднички воени вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздушните сили и ракетните сили.

    Кина започна нови дводневни воени вежби околу Тајван, со цел, како што рекоа, „да ги казни за сепаратистичките потези“. Сето ова го започнаа неколку дена по заклетвата на претседателот. Вежбите, кои започнаа рано во четвртокот и ќе го опкружат Тајван, се првиот вистински тест за Лаи Чинг-те во справувањето со екстремно лошите односи со Кина, откако тој ја презеде функцијата нов претседател во понеделникот. Кинеската влада тврди дека Тајван е дел од нејзината територија и покрај тоа што никогаш не го контролирала, пренесува Си-Ен-Ен.

    Источната команда на Народноослободителната војска на Кина (ПЛА) соопшти дека во четвртокот наутро започнала заеднички воени вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздушните сили и ракетните сили во областите околу Тајван. Тие спроведуваат вежби во Тајванскиот теснец што го дели Тајван од копното на Кина – како и север, југ и исток од Тајван. Вежбите се и во областите околу тајванските острови Кинмен, Мацу, Вукиу и Донгин, кои се наоѓаат веднаш до југоисточниот брег на Кина, се наведува во соопштението на командата.

    Полковникот Ли Кси, портпарол на командата, ги нарече вежбите „силна казна за сепаратистичките акти на силите за независност на Тајван и сериозно предупредување против мешањето и провокациите на странските сили“.

    Извор: Ројтерс
    Лаи, кој го започна својот трет последователен мандат, Пекинг го окарактеризира како „опасен сепаратист“ поради застапувањето на суверенитетот и посебниот идентитет на Тајван. Пекинг го осуди инаугуративниот говор на Лаи, за време на кој тој ја повика Кина да престане да го заплашува Тајван, нарекувајќи ја Лаи „срамна“.

    Во соопштението во четвртокот, тајванското Министерство за одбрана рече дека испратило поморски, воздушни и копнени сили за да одговорат на кинеските вежби. Тие изразија жалење за „ваквите ирационални провокации и акции кои го поткопуваат регионалниот мир и стабилност“, пренесува 24сата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img