More

    КЕВИН КОСТНЕР Ѝ ДАЛ САМО 1,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА

    spot_img

    Американскиот актер Кевин Костнер по разделбата со втората сопруга Кристина Баумгартнер не се покажа баш како џентлмен, иако наводно „тежи“ околу 250 милиони долари.

    Неговиот развод од првата сопруга Синди Силва во 1994 година бил еден од најскапите во Холивуд бидејќи актерот морал да плати огромни 80 милиони долари на бившата. Па за да не се „изгори“ повторно, пред венчавката со Кристин Баумгартнер, инсистирал на предбрачен договор, до кој сега се придржува.

    Во него пишува дека во случај на развод таа мора да се исели од неговата куќа, а бидејќи сѐ уште не го направила тоа, со оглед на тоа што судското рочиште било на 3 мај и тоа требало да го направи во рок од 30 дена, актерот 10 дена по тој рок поднел жалба до судот и барање да се присили да си замине што поскоро. Парот има три малолетни деца, синовите Кејден (15), Хејс (14) и ќерката Грејс (12), кои ќе живеат со мајка си.

    Костнер изјави пред судот дека верува дека таа останала во куќата само за да го натера да ги прифати – „различните финансиски барања што таа ги поставила по разделбата“.

    Според сите сметки, се чини дека актерот е многу повреден бидејќи таа поднесе барање за развод, очигледно без најава, а како причина ги навела непремостливите разлики. Иако не е познато што се случило во нивните четири ѕида, потегот го шокирал актерот, а неговата адвокатка се огласи во јавноста.

    „Со голема тага се појавија околности надвор од негова контрола, кои резултираа со тоа што г-дин Костнер мораше да учествува во постапката за развод.“

    Шокирана беше и целата јавност со оглед на тоа што нивниот 19-годишен брак се сметаше за вистинска љубовна приказна, која не ја експонираа во јавноста.

    Актерот ѝ платил на сега веќе поранешна сопруга скромни 1,5 милиони долари како што е договорено во предбрачниот договор и тврди дека тоа е доволно за да си најде нов дом, а таа наводно не бара ништо повеќе од него бидејќи е успешна дизајнерка на чанти, чие лично богатство се проценува на 7 милиони долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img