More

    Како патријархот Порфириј за толку кратко време успеа да ја извлече МПЦ-ОА од раскол?

    spot_img

    Лично бев сведок на тоа колку покојниот патријарх Герман, во најтешкиот период за Црквата, со децении жестоко се бореше за Српската православна црква (СПЦ) да се спротивстави на барањата на комунистичките власти за т.н. Македонска православна црква да добие автокефалност. Самиот патријарх се жртвуваше, иако беше предупреден дека може да го снајде истата судбина што го снајде неговиот претходник на чело со СПЦ, патријархот Викентиј, за кого сите зборуваа дека бил отруен.

    Ова во разговор за српски Данас го вели Диогенис Д. Валавандис, претседател на Центарот за заштита на христијанскиот идентитет, писател и поранешен дипломат, кој штотуку ја објави книгата „Вистината за патријархот Герман и прашањете за таканаречената Македонска црква“.

    После сѐ, додава тој, сега, автокефалноста на МПЦ-ОА ѝе дадена со огромна леснотија, па заклучокот би можел да биде дека постои некаков интерес.

    – Верувам дека интересот е политички или можеби поинаков, бидејќи не постои никаква еклисиолошка и канонска причина за таквиот потег на СПЦ – вели Валавандис.

    Објавувањето на неговата најнова книга која содржи голем број црковни документи и официјални преписки помеѓу црковните и државничките власти од 1945 до 1995 година, целосно се вклопи со брзото решавање на македонското црковно прашање во Цариградската патријаршија и СПЦ.

    Имено, после цели 55 години во раскол, на 5 јуни годинава СПЦ ѝ издаде томос за автокефалија на МПЦ-ОА, па Валавандис го поставува прашањето дали големиот српси патријарх Герман неправедно бил обвинет дека е „црвен патријарх“, или денес би можело истото да се каже за некој друг патријарх?

    – Бев многу близок со патријархот Герман од својата најрана младост. Со него поминав повеќе од 30 години и бев сведок на многу историски случувања. Книгата ја напишав за да ја отстранам лагата која се поврзува со неговото име и за тврдењето дека тој е „црвен патријарх“, име кое му го залепи титовата УДБ-а за да предизвика раскол во СПЦ. Акцијата, очигледно, беше успешна, бидејќи „американскиот раскол“ долго траеше. Нашата дијаспора беше прилично негативно расположена кон сето тоа што се случуваше во земјата, бидејќи дијаспората беше антикомунистички расположена и таквиот режим исто како и покојниот митрополит Амфилохиј, го нарекуваше „брозоморска диктатура“. Мислам дека со мојата најнова книга успеав да докажам дека патријархот Герман беше еден од најголемите патријарси во историјат ана СПЦ, кој на исклучително дипломатски и мудар начин го управуваше црковниот брод скоро три децении – објаснува Валаванидис.

    На прашањето дали е можно во денешно време патријархот Порфириј и СПЦ да трпат поголеми притисоци од оние што ги трпел патријархот Герман во времето на Тито, Валаванидис одговара:

    – Знам само дека времето на патријархот Герман било многу страшно и опасно по живот. Имало многу тешки моменти, вклучително и оние кога во 1973 година од патријархот Герман ултимативно било побарано СПЦ да ја поддржи кандидатурата на Јосип Броз Тито за Нобелова награда за мир. Таа дрскост отишла толку далеку, па од Централниот комитет било испратено писмо кое е интегрално објавено во оваа книга. Од патријархот Герман било побарано само да го потпише писмото и истото да се испрати до Нобеловиот комитет во Осло. Светиот архијерејски Собор, Синод и српскиот патријарх тоа го одбиле. Последиците беа јасни. Односите драстично се заладија и притисок им се вршеше на сите архијереји. Денешното време не би го коментирал, бидејќи не ги знам внатрешните односи помеѓу црквата и државата, а не би сакал да шпекулирам. Логичното размислување води кон заклучокот дека овој потег на СПЦ во врска со македонското прашање е направен под некаков притисок или од некоја политичка причина, мотив, план или амбиција – објаснува Валаванидис.

    Во интервјуто за Данас, Валаванидис одговара и на прашањата „Што е спорно во македонското црковно прашање?“, „Каква е улогата на Цариград во ова брзо решавање на македонскиот раскол?“…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img