More

    Грета Гервиг пишува историја

    spot_img

    Жирито на 77. Кански филмски фестивал во мај следното лето ќе го води Грета Гервиг, режисерката на блокбастер хитот „Барби“.

    Четириесетгодишната Грета Гервиг, која е и актерка и сценаристка, е првата американска режисерка која ќе го предводи жирито на престижниот Филмски фестивал во Кан.

    Гервиг ќе обезбеди и младешкиот шмек на Кан, кој немал толку млад претседател од летото 1966 година, кој го предводеше жирито тогаш 31-годишната филмска дива Софија Лорен. Таа е и првата жена по актерката Кејт Бланшет, која го презеде раководството на жирито во летото 2018 година.

    „Сакам филмови – ги снимам затоа што ми се допаѓаат, сакам да ги гледам, сакам да зборувам за нив“, изјави режисерката Гервиг.

    Нејзиниот филм „Барби“ со Марго Роби и Рајан Гослинг во главните улоги, летоска доживеа неверојатен успех во киносалите низ светот, соборувајќи рекорди со масовната гледаност и огромната заработувачка.

    Грета Гервиг веќе беше во Кан со нејзиниот партнер Ноа Баумбах во 2017 година, на премиерата на неговиот филм „Приказните на Мејеровиц“, но никогаш самата не го претстави филмот.

    Имаше преговори и „Барби“ да се емитува на годинешниот Кански фестивал, но тајмингот воопшто не се вклопуваше.

    Овој филм на „Ворнер брос“ беше објавен на 19 јули и стана огромен хит и филм со најголема заработка на годината зад нас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img