More

    Хакерската група „Татковинска правда“ објави досиеја на албански граѓани

    spot_img

    Таканаречената група „Homeland Justice“ или „Татковинска правда“ од Иран откако објави хакирани материјали од електронската пошта на премиерот Еди Рама и Министерството за надворешни работи на Албанија, сега ги откри телефонските броеви на албанските државјани.

    На веб-страницата https://homelandjustice.ru/ хакерите објавиле вкупно седум фајла, каде што се претставени името, презимето и бројот на личната карта на секој албански државјанин, заедно со неговиот телефонски број

    „Играта штотуку почна. Сега луѓето ќе сфатат дека нивните корумпирани политичари не направиле ништо за нивната безбедност“, е пораката што ги придружува објавените досиеја.

    Кибернападите што се случија во средината на минатиот месец, три недели ги остави вон функција онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници во Албанија.

    Претходно групата, која ја презеде одговорноста, јавно ги објави електронските адреси на најважните албански институции, вклучително и оние на премиерот Еди Рама, како и важни документи.

    Покрај албанските органи на прогонот, за оваа проблематика во Албанија се дојдени и експерти од американското ФБИ за да го истражат случајот.

    По кибернападите Рама им гарантираше на граѓаните дека нивните податоци се безбедни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img