More

    Грозданов во колумна тврди дека панично го штитат наредбодавецот

    spot_img

    Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во последната колумна за Нетпрес, „Гробари на Македонија, животот и рударството“ информира за добиени закани од дел од еко-активистите кои се против отворање на рудникот за бакар во Иловица. Ова следува откако Грозданов претходно напиша дека еколошките активисти се неискрени во намерите, а дури и ги нарече „зелена мафија“. Според Грозданов, оваа група луѓе, која стопира огромна инвестиција во југоистокот, не ѝ посакува добро на Македонија,

    „За жал, денес сме соочени со група луѓе кои најмалку од сѐ ѝ посакуваат добро на Македонија. Тие велат: Рудници нема да имаме. Речникот со кој свесно и со умисла се служат особено оние малкумина (во последно време изразено нервозни) од Струмичката котлина, автентично го пренесувам: ‘Наместо некој да ги елиминира народот во Струмичко, ние најсоодветно ќе ги елиминираме сите што ќе пробаат да отворат рудник, особено што ќе тргнеме од локалните скриени инвеститори на кои им се гледа профит од багери, камиони и удели во рудникот! Во изминативе 7 години нема да е првпат да одговараме на закани со закани и ова нека си го разберат како што сакаат! Рудник нема да има! П.С. Светот е мал и во него може да се бега, но никако не може да се скрие!’“, пишува Грозданов.

    Според него, само наивни би оцениле дека станува збор за метафора.

    „За жал, не е така: Господата од „Здрава котлина“ по сите светски стандарди и дефиниции се служат со софистицирани електронски закани кон трети лица во несоодветни утрински часови, а во исто време се закануваат со животно загрозувачки пораки кон: мене (Виктор Грозданов), Бранко Героски (еден од гуруата на новинарството), Крешник Бектеши (министер за економија, практично државата) и Живко Груевски (стопанственик и дипломат), а потоа и Огњан Лазаров (геолог во пензија и жител на Босилово) и Никола Стаменов (поранешен претседател на Федерација на фармери на Република Македонија и жител на Иловица)“, наведува Грозданов.

    Тој потенцира дека ваквиот метод на делување нему му е познат и ваквиот тип на закани ги користи, како што додава, само една земја на светот, ниту една друга.

    „Значи, јас сум принуден да делувам во две насоки. Прво, информирање на сите амбасади за заканите, со посебен акцент првенствено на Руската федерација, Велика Британија, САД и ЕУ. Со една причина. Да им покажам на нарачателите дека не само што не сум корумпиран колумнист, туку не сум ни глупав. Второ, соработка со сите државни институции“, заклучува Грозданов.

    Во однос на еко-активистите, тој истакна дека станува збор за ликови кои од паника самите се разоткриле многу брзо и сега се принудени да одработат заштита на идентитетот на своите наредбодавци и немаат никаква конекција со екологија. Грозданов претходно истакна дека „активистите се добро обучени, пласираат манипулативни информации и креваат паника кај населението“ и нагласува дека голем број од тврдењата на активистите кои бараат да не се отвори рудник за бакар во Иловица се неосновани и се измама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img