More

    Гори централата што ја погодија руските бунтовници во Белгород

    spot_img

    Гувернерот на рускиот Белгородски округ, Вјечеслав Гладков, утринава соопшти дека во овој регион избувнал пожар во енергетска централа, потврдувајќи дека пожарот бил предизвикан од бомба фрлена од дрон.

    Гувернерот тврди дека во нападот нема повредени, а објектот не е оштетен.

    Проукраински сили, составени од руски бунтовници, веќе неколку недели вршат диверзантски акции во Белгородската област.

     

     

    Во последниот вчерашен напад на овие руски партизани биле заробени неколку руски војници, кои, наведуваат овие проукраински сили, ќе им ги предадат на украинските власти.

    Рускиот волонтерски корпус ова го соопшти преку видео порака на каналот Телеграм, откако претходно беше нападнато село во руската Белгородска област.

    Корпусот, заедно со борците од руската Легија на слободата, ја презеде одговорноста за серијата напади на руска територија, вклучително и нападот минатата недела во кој Москва соопшти дека двајца цивили биле убиени за време на борбите.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img