More

    Голема манта, една од најголемите риби што живее во океаните, е уловена кај Бигово во Црна Гора

    spot_img

    Голема манта, една од најголемите риби што живее во океаните, е уловена кај Бигово во Црна Гора.

    На Инстаграм профилот Подгорички времеплов објавена е фотографија од Бигово на која се гледа манта, наводно „фатена во мрежа на длабочина од над 100 метри“.

     

    Манта е подвид на големите ражи, може да достигне и до седум метри во ширина, а поради специфичната форма го нарекуваат и „морски ѓавол“.

    “Манта е една од најголемите риби кои живеат во океаните. Поради необичната поставеност на пекторалните перки, кои формираат еден вид рогови на главата, мантата го добила името “морска ѓаволска риба”. Но, мантите во суштина немаат ништо „ѓаволско“ во нивниот начин на живот и однесување.

    Манта се мирни и смирени суштества, тие се хранат со планктони, кои ги цедат од водата. Рибата манта е позната по својата способност да скока високо од водата (на висина од еден и пол метар). Кога некој покрупен примерок ќе падне во водата по скок, се слуша звук сличен на грмотревица, кој се слуша и на неколку километри оддалеченост“, се наведува на фотографијата.

    Сепак, наместо пофалби и честитки, рибарите беа осудени од јавноста за фотографирање со мртва манта.

    Мантите се строго заштитени во меѓународните води од 2011 година како „ранлив вид со зголемен ризик од истребување“ и многу земји забрануваат нивно ловење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img