More

    Алкараз верува дека може да ја освои титулата во Лондон, но…

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ повеќе не е прв на АТП листата, а нема да биде ни прв носител на Вимблдон. Врвот повторно го зазеде Карлос Алкараз, кој со титулата во Квинс стана „прв рекет на светот“ и на лондонскиот турнир ќе има лидерска позиција.

    Младиот шпански тенисер го мина Ѓоковиќ со 80 поени и сега има 7.675, додека српскиот тенисер моментно е на втората позиција со 7.595 поени.

    Поранешниот играч број еден во двојки, Пол Мекнеми, анализирајќи го „костурот“ на Вимблдон,  вели дека има разлика дали сте први или втори носители во ждрепката.

    Австралиецот, кој често ги искажува своите ставови на Твитер, се осврна на ждрепката за Вимблдон, која е закажана за в петок.

    Мекнами истакнува дека технички е сеедно кој е прв, а кој втор носител, но дека има разлика од психолошка страна.

    „Експертите истакнуваат дека нема разлика дали сте прв или втор носител. Технички, тоа е точно. Но, прашајте кој било играч дали сака да го види своето име на врвот на ждрепката? Поради недоделувањето поени минатата година Ѓоковиќ нема да ја „води“ ждрепката на Вимблдон во машката секција. Мене тоа не ми изгледа добро“, напиша Мекнеми.

    Алкарас верува дека може да ја освои титулата во Лондон, но сепак го смета Ѓоковиќ за прв фаворит.

    Грен слем турнирот на Вимблдон стартува на 3 јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img