More

    Голем трговски ланец затвора неколку продавници во Германија

    spot_img

    Големиот малопродажен синџир за брза мода Примарк најави дека оваа година ќе затвори повеќе продавници во Германија од првично планираното.

    Примарк забележа голем пад на продажбата во Европа, а веќе затвори голем број свои продавници, меѓу кои и две во Германија. Според најавите ќе затворат уште четири. Станува збор за продавници во Гелзенкирхен, Кајзерслаутерн, Крефелд и Франкфурт (северозападен центар).

    420 вработени ќе останат без работа.

    Работниците биле шокирани
    На 25 октомври 2022 година, модниот гигант неочекувано ја затвори својата филијала во трговскиот центар Loop5 во Вајтерштат, шокирајќи ги своите вработени. Работничкиот совет и вработените биле информирани само неколку дена пред затворањето. Договорот за закуп на трговскиот центар траеше до 31 јануари 2023 година и не можеше да биде продолжен.

    Филијалата во Schloss-Straßen-Centre во Берлин исто така беше затворена порано од првично планираното. Крајот на таа трговија беше 25 март 2023 година.

    Примарк на крајот на декември минатата година веќе ги објави мерките, но ништо конкретно не кажаа.

    „Планираме да ги оптимизираме нашите продажни простории во Германија и да ја ревидираме нашата германска мрежа на продавници. Целта на Примарк е да го направи германскиот бизнис повторно профитабилен на долг рок“, изјавија директорите на Примарк во декември.

    Очигледно ситуацијата во Примарк е сè уште тензична и тие иницираа нови затворања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img