More

    Германија за руските ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура

    spot_img

    Руските ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура „се брутален крах на цивилизацијата”, изјави денеска во Букурешт шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок.

    Нападите се „најбруталното кршење на меѓународното право што може да се замисли”, рече Баербок.

    – Кога инфраструктурата е намерно бомбардирана, тогаш доброволно прифаќате децата, старите луѓе и семејствата да смрзнуваат до смрт, да умираат од жед и глад, додаде таа.

    Рускиот претседател Владимир Путин сака да го скрши ‘рбетот на украинското општество, рече Баербок, ветувајќи континуирана поддршка за Украина.

    Шефицата на германската дипломатија учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт, кои ќе разговараат како да се зајакне заедничката поддршка за Украина во поглед на претстојната зима и интензивирањето на руските напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img