More

    Георгина Родригез откри дека имала три спонтани абортуси

    spot_img

    Георгина Родригез откри дека имала три спонтани абортуси пред во април лани да почине новородениот син кој го доби со фудбалерот Кристијано Роналдо.

    Свршеницата на Кристијано Роналдо во продолжението на својот документарен филм „Јас сум Георгина“, раскажа дека била загрижена во текот на бременоста со близнаците токму поради претходните спонтани абортуси. Своите први месеци од бременоста ги опишала како „ужасен период“, бидејќи, како што вели, постојано повраќала и многу и се спиело, пренесува „Ел Еспањол“. Секоја посета на гинеколог, се присетила, била исполнета со страв.

    „Многу се плашев од секој ултразвук пред раѓањето на близнаците. Се чувствував многу напнато бидејќи имав три спонтани абортуси. Бев скршена“, изјавила Георгина и се присетила на денот кога родила близнаци, момче и девојче. Бела е родена здрава, а нејзиниот брат близнак починал за време на породувањето.

    „Тие се родија во понеделникот на Велигден. Дојде најочекуваниот момент и моето срце застана. Бела се роди силна и здрава, но парче од моето срце одлета“, се присетила Георгина и открила како првично се обидела да ја сокрие смртта на бебето од нејзините деца.

    „Им кажав дека Ангел ќе почека уште малку, дека подоцна ќе се роди. Но Кристијано им кажа дека Ангел е во рајот“, рекла Георгина и признала дека по смртта на нејзиниот син, „никогаш повеќе нема да биде иста. Во документарецот таа кажа дека нејзиниот вереник Кристијано Роналдо е нејзиниот најголем поддржувач.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img