More

    Газда на кафеана тепал вработени

    spot_img

    Кој кого тепал? Полицијата во иста вечер добила две одделни пријави за физички напад и тоа од две различни лица на иста локација – кафуле во центарот на Скопје.Едната пријава дошла од вработена во кафулето која рекла дека била нападната од газдата на објектот каде работела.

    На 06.02.2023 во 22.00 часот во СВР Скопје, М.И.(42) од Скопје пријавила дека околу 19.25 часот на работното место во угостителски објект на ул.„Аминта Трети“ била физички нападната од сопственикот на објектот С.Т.(56) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок., се вели во соопштението од МВР

    Втората пријава ја поднел самиот сопственик на кафулето, тврдејќи дека и тој бил нападнат од едно лице, но не е прецизирано кој го нападнал и дали овој случај е поврзан со тепањето на вработената?

    На 06.02.2023 во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Аминта Трети“, едно лице физички го нападнало сопственикот на објектот С.Т.(56) од Скопје, при што употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img