More

    Фуркан Салиу нападнал полициски специјалци, тврди МВР

    spot_img

    Од Министерството за внатрешни работи пристигна официјална потврда дека е приведен новинарот Фуркан Салиу.

    Според МВР, тој на фудбалски натпревар нападнал полициски специјалци од ЕБР, а потоа, при претрес на неговото возило, во багажникот му е пронајден пиштол
    „Денеска ( 07.04.2024) околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре“ и ФК „Куманово“, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат.

    За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка.

    Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило „дачија дастер“, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, се наведува во соопштението од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img